Пара Вести: Тинејџер преживеал речиси шест часа без Ви-Фи

Чудото од дете преживеало речиси шест часа без Ви-Фи во својот дом. Кога го нашле, тинејџерот бил потресен затоа што цели шест часа немал интернет и со својот смартфон шетал низ населбата за да улови сигнал.

Откако биле известени, службите за итни состојби на провајдерот го земале тинејџерот и го однеле во блиските кафулиња за да може да се конектира на интернет. Не се знае како момчето останало без интернет, а во меѓувреме за оваа ситуација биле известени и неговите родители кои се исплашиле и за другите нивни деца. „Можеби се таму некаде и воопшто немаат сигнал, којзнае како се чувствуваат“, рече мајката на децата.

Од службите за итни состојби кои пружаат 24-часовна поддршка беа изненадени како воопшто момчето можело да издржи толку долг период без интернет конекција.

„Тоа значи нема фотографии, нема гифови, нема видеа, нема порно. Неверојатно е како преживеал без пристап до социјалните мрежи“, изјави вработен во службата за техничка поддршка.

Момчето не сакаше да го открие својот идентитет и не сакаше неговиот идентитет да се појави во медиумите за да не дознаат неговите другари од училиште. Во моментов не е во можност ни да зборува заради траумата што ја доживеал.

„Не знаете како е да не можете да користите емотикони толку долг период, исто како некој да ви го пресекол јазикот“, беа единствените зборови што ни ги кажа овој истрауматизиран тинејџер.

Адаптирано од: http://waterfordwhispersnews.com

Извор: ОКНО.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *