Парада на ретро автомобили во Делчево

Уникатни ретро автомобили ќе го окупираат градот од источниот регион на Македонија, Делчево. Стотици делчевчани, но и граѓани од околните места, како и од соседна Бугарија ќе дојдат да ги видат старите, но блескави возила.

Организаторот на настанот, делчевскиот љубител и сопственик на 12 ретро автомобили, Лоренцо Трајановски, најави дека овој настан ќе се одржи на 24 март (сабота) во Делчево, а на истиот ќе има гости и од соседна Бугарија.

ФОТО

– Ова не е прв пат да правиме еден ваков настан. И минатата година истиот се одржа токму во Делчево, а јас како љубител на ретро автомобили ќе се потрудам да организирам не само оваа, туку и идните години и со тоа да придонесеме ова да стане традиција во нашиот град, вели Трајановски за Поглед и додава:

Од секогаш ги сакам постарите автомобили. Сопственик сум на 12 ретро автомобили, а имам желба и се надевам дека оваа година ќе бидам во можност да купам уште неколку, со тенденција да бидат 20 на следната парада на ретро автомобили.

ФОТО

Настанот ќе се одржи во градот Делчево, со почеток од 10:00 часот, а веднаш после парадата ќе се одржи и коктел во природа, на кој што ќе бидат поканети сите учесници и љубители на ретро автомобили.

Организаторот Лоренцо Трајановски очекува повеќе од 60 ретро автомобили да имаат свое учество на овој настан.

Извор: Поглед.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *