Пандев со 13 контакти со топката запиша гол и асистенција

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, повторно е тема во фудбалските кругови. Ветеранот, против Аталанта, уште еднаш потврди дека класата е вечна.

Пандев, против екипата од Бергамо, одигра само во второто полувреме. Влезе на теренот при резултат 0:3 и малку недостигаше да режира неверојатен пресврт на Џенова.

Пандев во 67.минута постигна гол од пенал, 101 за него во Серија А, а во 85.минута му асистираше на Шомуродов кој го постави конечниот резултат 3:4.

Каков играч е Пандев покажува статистиката, забележа гол и асистенција иако имаше само 13 допири со топката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *