Пандев: Многумина се бореа да дојдам во Македонија, но имаше и такви кои не ме прашаа ни како сум!

 

 

Без Ељиф Елмас, но со капитенот Горан ПандевМакедонија утре ќе истрча на „Тодор Проески“ по историска победа над Косово, која ќе нè доближи на само еден чекор до прв пласман на едно Европско првенство.

 

Нашиот најдобар фудбалер и покрај корона-проблемите со кои се соочува неговата Џенова, успеа да најде начин и допатува во Македонија. На денешната официјална прес-конференција Пандев им се заблагодари на сите кои му помогнаа безбедно да пристигне во Скопје.

„Прво сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа да допатувам во Македонија. Меѓу најзаслужните се селекторот, генералниот секретар на ФФМ и директорот на Џенова. Сите знаеме колку беше неизвесно и тешко да се дојде тука. Исто така, соодветна поддршка добивме и од македонската амбасада во Италија. Но, имаше и такви кои воопшто не ме прашаа каква е ситуацијата. Дали имам потреба од помош. Да пуштеа барем една порака. Но, сигурно се презафатени со градењето терени, но сега да го оставаме тоа на страна“, рече Пандев.

Полуфиналето против Косово е закажано за утре од 20:45 часот, а со евентуална победа во ноемврискиот репрезентативен прозорец нè чека финале на гости или кај Грузија или кај Белорусија.

Извор: Гол.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *