Охрид нема да финансира концерти ова лето. Лани биле потрошени околу 100 илјади евра.

Советниците од Општина Охрид донесоа едногласна одлука да не се даваат пари од општинска каса за концертите што ќе се одржуваат во летниот период, а кои се во организација на приватни продукции. Ваквиот предлог доаѓа откако изминативе години неколку продукции инкасирале милиони денари од општинската каса.
Лани, Општина Охрид со народни пари финансирала пет концерти и на организаторите им исплатила 5.649.000 денари. Парите ги зеле два правни субјекта „БМЈ Медиа гроуп“ издавач на „1ТВ“, чиј сопственик е Бојан Јовановски, и „Самоорганизација букинг“ застапник на „Аволон продукција“, чиј сопственик е Бобан Милошески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *