ОФИЦИЈАЛНО: БАСКЕТ КАМ ИЗЛЕГУВА НА ЕВРОПСКАТА КОШАРКАРСКА СЦЕНА

ОФИЦИЈАЛНО: Баскет КАМ и Бадел 1862 ќе играат во WABA лигата

Шампионскиот тим и освојувачот на македонскиот женски кошаркарски куп – ЖКК Баскет Кам, во следната натпреварувачка сезона 2021/2022, ќе игра во WABA, односно Јадранската лига.

Неполни два дена по заврпувањето на финалната серија од плеј-офот во кој екипата од Макеоднска Каменица стигна и до шампионскиот трофеј, доаѓа потврдата за учество во најквалитетното натпреваруавње на просторите на поранешната држава.

Според најавите од редовите на Баскет Кам од Македонска Каменица, повеќе информации за идните планови на клубот ќе бидат објавени во наредните денови.

Она што е сеуште во фазата на неофицијалното е дека во сезоната 2021/2022, женската Јадранска лига ќе брои вкупно 12. клубови учесници, поделени во две групи по шест. Што значи дека двата наши претставници ќе бидат одвоени во првата натпреварувачка фаза од регионалното натпреварување во кое би ги очекувало по десет натпревари против силни екипи од Србија, БиХ, Италија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *