Официјално: Антонио Конте е нов тренер на Интер

Антонио Конте е нов тренер на Интер, откако тоа беше потврдено на Инстаграм профилот на италијанскиот клуб. Тој ќе го замени Лучано Спалети, кој во четвртокот доби отказ.

Конте по една година се враќа на тренерската работа. Италијанецот претходно го водеше Челси, кој во првата сезона го однесе до титулата во Премиерлигата.

Гигантот од Милано сезоната ја заврши на четврто место и ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона, а амбициите на клубот се да биде конкурентен на Јувентус во борба за титулата.

Сопствениците на Интер на Конте ќе му дадат голем буџет за засилувања за да го врати Интер на врвот во италијанското првенство.

Инаку, Конте би можел да има проблеми со навивачите на поранешниот клуб, Јувентус. Тој таму беше и како фудбалер и тренер, а навивачите му порачаа дека почнале иницијатива да се тргне неговата ѕвезда од стадионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *