Отровот од плечите убива клетки од рак на дојка за помалку од еден час

Д-р Сиера Дафи од институтот за медицински истражувања „Хери Перкинс“ и Универзитетот во Западна Австралија користела отров од 312 пчели и бумбари од Австралија, Ирска и од Англија за да го тестира неговото влијание врз одредени видови рак на дојка. Меѓу другото, отровот бил тестиран на тројно негативниот карцином на дојка за кој има малку третмани.

Резултатите од истражувањето на Дафи покажуваат дека отровот од пчелите брзо ги убива клетките на тројно негативен рак на дојка и HER2-позитивен рак на дојка.


Фото: Freepik

Дафи објаснува дека во истражувањето биле тестирани својствата на отровот од пчели и соединението мелитин, кое се наоѓа во отровот на пчелите, на различни видови клетки на рак на дојка. Мелитинот е позитивно наелектризиран пептид кој може да се репродуцира на синтетички начин. Било откриено дека синтетичкиот производ ги отсликува повеќето од ефектите на отровот од пчели во борбата против ракот.

Отровот од пчели значително и брзо ги убива клетките на тројно негативен рак на дојка и HER2-позитивен рак на дојка. Специфична концентрација на отров од пчели може целосно да ги убие клетките на ракот со минимални ефекти врз нормалните клетки.


Фото: Freepik

Мелитинот може целосно да ги уништи клеточните мембрани на ракот за помалку од 60 минути. Освен тоа, во истражувањето мелитинот во отровот од пчелите за 20 минути ги намалил хемиските пораки на клетките на ракот кои се неопходни за раст на ракот и поделба на клетките, а со тоа го спречил неговото напредување.

Дафи открила и дека мелитинот може да се користи со мали молекули или хемотерапии за да се третираат агресивни видови рак на дојка.

Во светот има 20.000 вида пчели, а Дафи сакала да ги спореди ефектите на отровот од пчелите во Перт, Австралија, со оние во Ирска и Англија, како и со отровот од бумбарите. Таа открила дека отровите од пчелите во Австралија, Ирска и во Англија имаат речиси идентични ефекти врз ракот на дојката. Од друга страна, отровот од бумбарите не бил ефикасен во убивањето на клетките на ракот.

Извор: eurekalert.org

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *