ОТКАЖАН НАСТАНОТ “ДЕН НА ДИЈАСПОРА 2021” ПОРАДИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМСКИ ПРЕДЕЛИ

Македонска Каменица, 04.08.2021 година – Поради стапувањето на сила на целосна забрана за движење во шумски предели од организаторите на традиционалната манифестација Ден на дијаспора 2021 добивме известување дека истата е откажана.

8. Август беше резервиран датум за Денот на дисјаспора 2021, каде традиционално требаше да се собираат илјадници иселеници од Македонска Каменица, Пијанец, Малешевијата, но и посетители од Кочанско – виничкиот крај на регионот.

Во 2019 година, во рамки на Денот на дијаспора 2019, на иницијатива на градоначалничката Соња Стаменкова беше организиран Форум на бизнис заедницата и иселениците каде присуствуваа претставници од централната власт и раководители на подрачните министерства, кои пред присутните заинтересирани посетители ги презентираа најновите мерки на Владата погодни за повратници од странство и инвестирање во Македонска Каменица.

Општина Македонска Каменица и КИЦ “Романса” како организатори на манифестацијата Ден на дијаспора, која традиционално се одржува на туристичко манастирскиот комплекс “Еленец” во село Цера, имаа предвидено работен дел и средба со иселениците, како и програма од културно забавен карактер за посетителите.

Поради моменталната состојба и појавата на голем број пожари во соседните општини, како Кочани, Делчево и Пехчево, надлежните апелираат за избегнување на прошетки во природа, движење во шумски предели и строга забрана за палење на оган на отворен простор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *