Отворен Шаховскиот клуб „Каменица САСА“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 04.05.2019 година – Вчера, во просториите на Куќата на спортот во Македонска Каменица свечено беше настан означен официјалниот почеток од функционирањето на Шаховскиот клуб „Каменица – САСА“.

„Иницијативата за формирање на клубот, започна минатата година, кога со група ентузијасти добивме идеја да го организиравме, односно возобновивиме традиционалниот турнир кој во Каменица се играше пред повеќе од 20 години. Денес, после неполна година шаховскиот клуб „Каменица САСА“ брои 49 шахисти сениори, 10 младинци, 8 пионери и 4 жени шахистки. Како регистриран клуб „Каменица САСА“ остварува право за натпреварување и во оваа сезона од првенството на Северна Македонија, но оваа сезонава клубот ќе се натпреварува само во младински категории“, изјави Лазо Стаменковски, претседател на ШК „Каменица САСА“Додавајќи, дека во иднина клубот покрај учеството во домашното првенство, заедно со поддршката која ја имаат од општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова и Рудник САСА, ќе се обидат да организираат и неколку силни домашни и меѓународни турнири.

На свеченоста, покрај бројни шахисти од Македонска Каменица и регионот присуствуваа и градоначалничката Соња Стаменкова, која ги подрави присутните и изрази огромно задоволство од самата идеја за враќањето на шахот како игра во Македонска Каменица. “Наши заложби, како општина преку Советот на општина Македонска каменица, на чело со претеседателот на Советот – Иван Кузмановски се финансиската поддршка на годишните програми за работа на клубот. Тоа во иднина како одговорна локална самоуправа ќе го правиме во поголем обем, со цел развој на шахот како игра во нашиот град“. Градоначалничката Стаменкова ја искористи приликата да ја нагласи идејата за воведување на шахот како незадолжителен предмет уште во основното и средното образование, како предмет кој ќе го развива и поттикнува практичното размислување.

Свое обраќање до шахистите и присутните функционери и претставници од локалната самоуправа, имаше и генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној кој го изрази задоволството кое како општествено одговорна компанија го имаат помагајќи и вакви проекти кои се од важност за спортскиот и културно- општествениот живот на заедницата. Додаде дека се надева на развој на шахот како игра во Македонска Каменица и дека ќе имаат можност да поддржуваат вакви и слични проекти и во иднина. Ја изрази благодарноста за поканата и приството на настанот, при што заедно со градоначалничката Стаменкова ја одиграа првата шаховска партија во опремената просторија за натпревари на клубот.

Клубот е формиран и целосно поддржан од општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова и Рудник Саса, како општествено одговорна компанија од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *