Основците од “Св.Кирил и Методиј” со пригодна програма го одбележаа 8-ми Март

Македонска Каменица, 07.03.2019 година – Денес, во Домот на култура, со пригодна културно уметничка програма, во која учествуваа учениците од ООУ “Св.Кирил к Методиј” од Македонска Каменица се одбележа Меѓународниот ден на жената 8-ми Март.

Многубројните рецитали, тематски кореографии во чест на утрешниот празник, музички и уметнички точки, учениците од скоро сите одделенија заедно со своите наставници – ментори се претставија пред многубројните родители и врсници присутни во публиката од големата сала во Домот на култура.

Настанот традиционално се одржува децении наназад, во организација на наставничкиот колегиум при ООУ “Св.Кирил и Методиј” и поголем број на талентирани ученици од училиштето. Истиот годинава беше помогнат и од КИЦ Романса – Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *