Организаторите ја одложија свечената фестивалска вечер од „Јаков од Камена Река“ поради убиството на Вања

Македонска Каменица, 06. Декември 2023 година – Од Здружението „Надеж – Норе“ ни пристигна известување, во кое со големо жалење објавуваат дека Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица, настан кој што требаше да се одржи, утревечер на 07. Декември, е одложен поради убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Со длабоко сочувство и поддршка кон семејството на Вања, во овие тешки и тажни моменти за нацијата полни со срцепарателен бол, со извинување бараме разбирање од заедницата за одлуката на одложување на настанот. Се надеваме дека истиот ќе можеме да го одржиме во следен термин, во четврток на 14 декември 2023 година, – се вели во известувањето од организаторите на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.