Општина Македонска Каменица распиша тендер за изградба на улица Миле Јаневски Џингар

Македонска Каменица, 04.05.2021 година – Општина Македонска Каменица распиша тендер за изградба на улицата Миле Јаневски Џингар

Како што стои во објавата на официјалната страна, општина Македонска Каменица покрај почетокот на градежните работи за изградба на повеќе локални и маалски пристапни патишта во селските средини, во рамки на усвоената Програма за развој на општината за 2021 година, распиша тендер за изградба на улица Миле Јаневски Џингар. Со должина од 200 метри оваа улица е од огромно значење за жителите на населбата Суво Маало, бидејќи ќе поврзува поголем број на индивидуални живеалишта со асфалтен пат.

“Со ова се решава еден огромен проблем на жителите од оваа градска населба, трајно се решава пристапот до нивните домови и значително го олеснуваме движењето во сообраќајот во овој дел од градот. Општина Македонска Каменица преку изградбата на нова инфраструктурата и реконструирањето на постоечката и во нарениот период ќе продолжи со подобрувањето на квалитетот на живот на сите жители на општината”, – истакна градоначалничката Соња Стаменкова, додавајќи дека “изградбата на улицата “Миле Јаневски Џингар” започнува веднаш по потпишувањето на Договорот со избор на најповолен понудувач”.

Исто така, во текот на наредната недела започнуваат градежните работи за реконструкција на делницата од 2,3 километри, каде со нов асфалтен пат ќе бидат поврзани и најоддалечените приградски маала на патот кон село Цера.

Распишан тендерот за изградба на улицата Миле Јаневски Џингар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *