Општина Македонска Каменица ги повикува граѓаните на хуманост кон социјално ранливите категории

Македонска Каменица, 26.03.2020 година – Општина Македонска Каменица објави Соопштение за јавност во кое ги повикува сите физички и правни лица кои имаат можност да донираат прехрамбени и хемиски производи за ранливите категории на граѓани. Во понатамошниот дел од текстот се вели:

Средствата кои во моментов им се најпотребни на нашите сограѓани, да ги достават во општина Македонска Каменица.

Мобилните тимови на општина Македонска Каменица ќе им ги достават на старите, изнемоштени, болни и ранливи лица.

Телефонски број за контакт со општина Македонска Каменица 033 432 741  и 071 377 841

Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме солидарни, колку можеме заеднички да си помагаме во овие тешки моменти.

Хуманоста не се кажува, хуманоста се прераскажува!

Ограничето го своето движење и излегувајте од дома само за значајни потреби. Со тоа се заштитувате себе и своите најбилски.

 

Со почит,

 Општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *