Опасности по здравјето што ги носи летото

Летото е пред нас, сезоната на летни одмори и подолги престои во природа е отворена, климатизирањето на домовите и работните простории е секојдневие, а сеуште актуелни се и алергиите. Како да се заштитиме од заканите по нашето здравје во летниот период, посебно кога се престојува во природа, вели Д-р Маролов.

Внимателно и кога се изложуваме на сонце и тоа не само на плажа или базен, штетните сончеви зраци веќе предизвикуваат здравствени проблеми кај граѓаните. Заштитете ја главата од сонце и избегнувајте престој на отворено во најтоплиот период од денот. Лекарите потсетуваат и дека секое излагање на директно сонце подолго од 15 минути е потенцијален здравствен ризик.

Климатизирањето на домовите и работните прпостории е неопходно, но за добро здравје не се препорачува ладење на просториите повеќе од десеттина степени пониска температура од надворешната. Потребно е редовно чистење на климатизерите како не би биле извор на инфекции и штетни микроорганизми и секако избегнување на нагло и директно ладење пред клима уред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *