Денес, во спортската сала на ООУ “Св.Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, се одржа првиот турнир од Регионалната женска Футсал лига за Основни училишта – Исток. На атпреварите на кои се одиграа во фер и коректна спортска атмосфера, беа постигнати следниве резултати:
Кочо Рацин(Кратово) – Ј.Х.К.Џинот (Велес) 2:1;
Кирил и Методиј (М.Каменица) – Видое Подгорец (Колешино) 2:0 ;
Кирил и Методиј (М.Каменица) – Кочо Рацин(Кратово) 5:0 ;
По денес одиграните натпревари, пласманот на екипите на Табелата е следен:
1. Кирил и Методиј (М.Каменица) 4 бода
2. Кочо Рацин(Кратово) 2
3. Видое Подгорец (Колешино) 0
4. Ј.Х.К.Џинот (Велес) 0