ООУ „Св. Кирил и Методиј“ го објави распоредот на активности по повод претстојниот патронен празник на училиштето

Општинското основно училиште во Македонска Каменица кое го носи името на светите браќа, словенските просветители Кирил и Методиј, го објави распоредот од активности по повод претстојниот патронен празник на установата.

Богатата културно-уметничка пригодна програма и спортските активности по повод патрониот празник на ООУ„Св. Кирил и Методиј“, се предвидени за 23. Мај 2019година, во четврток. Спортските активности се со почеток во 09:00 часот во спортската сала од училиштето. Во 12:30 часот започнува ликовната изложба во Домот на култура, каде културно-уметничката програма продолжува со пригодна програма од 13:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.