Од понеделник започнува пријавувањето за гласање по дома

Од понеделник, започнува пријавувањето на болни и немоќни лица кои согласно законската регулатива, имаат право да гласаат во домашни услови:

„Од 08.04 до 13.04 општинската изборна комисија ќе работи од 09.00 до 19.00 часот. Сите кои имаат лице во семјеството кое неможе да го изврше своето гласње во избирачкото место нека дојдат, нека донесат соодветна документација како што беше и до сега на референдум, на парламентарни и локални избори.Истите документации и со пополнето полномошно кое го даваме овде ги разгледуваме и според правилникот од државна изборна комисија ќе се одлучи дали ќе се категоризираат како болни и немоќни и ќе гласат во домашни услови“ изјави Сенка Андреева-претседател на ОИК-Штип

На последните избори, во октомври 2017 година во источниот регион имаше пријавено  околу 800 болни и немоќни лица.

Извор: Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *