Од Оксфорд сметаат дека ефикасна вакцина за Ковид-19 ќе имаат во септември

И покрај тврдењата дека вакцина против коронавирусот нема да биде достапна барем во наредните 12 до 18 месеци, тим научници од Оксфорд тврдат дека се може да биде готово и многу побрзо.

– Можеби уште во септември, барем така тврди професорката по имунологија Сара Гилберт. Таа за „Тајмс“ изјави дека е осумдесет проценти убедена дека вакцината што ја развил нејзиниот тим ќе биде ефикасна. Со тестирање врз луѓе би можело да се почне во наредните две недели.

Владата на Велика Британија е подготвена, доколку тестот е успешен, да го финансира производството на првите милиони дози, така што вакцината би била веднаш достапна за јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *