Македонска Каменица, 14.11.2019 година – Одрони од утрово го отежнуваат сообраќајот на патниот правец Македонска-Каменица-Кочани. Одроните се наоѓат на 100-150 метри пред таканаречениот каменолом во близина на местото „Драките“. Од Македонија пат истакнаа дека екипи се на терен и ги расчистуваат одроните. Поради влажните коловози апелираат на внимателно возење.