Македонска Каменица, 09.01.2022 година – Планинарското друштво „Планинар Саса“, Спортско риболовното друштво „Рибар“, како и Ловечките друштва „Хантер Бизиково“, Хантер Про“ и Агенцијата за обезбедување на лица и имот „Патриот АЛДО“ организираат акција за собирање на отпадот и шутот во водите на Калиманско Езеро.
Како што стои во објавата на Александар Дончевски, координатор на акцијата и претставник на овие здруженија и спортски друштва „акцијата започнува на 15.01.2022 година, а ќе трае се до конечно и целосно чистење на езерото од отпадот. Секој доброволец е добредојден и истиот може да се пријави на телефонскиот број 071 373 263. Колку повеќе се вклучиме во акцијата, толку побрзо ќе го исчистиме езерото и ќе ја спречиме огромната еколошка катастрофа. Добредојдена е помош од фирми, Зруженија на граѓани и Невладини организации“.
Дончевски, дополнува дека „покрај нашите членови, очекуваме и пријава на поголем број на граѓански активисти и доброволци од целиот регион. За истите, од страна на Здружението е обезбедена храна и топли пијалоци“, што покажува висок степен на организација од страна на овие здруженија, кои направија прв конкретен чекор во чистењето и спречување на оваа катастрофа која по надоаѓањето на река Брегалница му се случува на Калиманско Езеро.
