ОДЛИЧЕН СТАРТ НА МИТРАШИНОВИЌ ЗА ОГРОМНА ПОБЕДА НАД ЖКК СТРУГА

Што значи за екипата од Македонска Каменица двоецот Митрашиновиќ-Кметовска стана јасно уште во првото коло оод Суперлигата во кое гостинките од Струга парираа само една четвртина.

БАСКЕТ КАМ – СТРУГА 2009     88:53

 

 

Силен почеток имаше домашната екипа која уште во првата четвртина дојде до 31.поен. Стартната петорка направи голема разлика (31:12), по само десет минути од играта.

Стружани заиграа многу побро во нападот на почетокот на вториот период кога симнаа добар дел од високата негатива. Со серија (12-3), намалија на десет поени (24:34) во средишниот дел од втората четвртина. Работата им ја олесни излегувањето на Кметовска, која ја заработи третата лична грешка во раната фаза од играта (дотогаш имаше ефект од 11.поени и 5. скока)

До истекот на првото полувреме гостинската екипа ја симна разликата на едноцифрена (37:45), со помош на Лаковиќ (13.поени) и Модева (10).

Но во третата четвртина рабоитет си дојдоа на своето место. Кметовска се врати на паркетот, и со помош од Митрашиновиќ и Шејкероска, одново ја воспоставија доминацијата. Со серија од (22-6) во осум минути, домашната екипа поведе со недостижна предност од (67:43), потоа (70:45).

На крајот, Анџелика Митрашиновиќ застана на ефект од 33.поени, 9.скока, 8.асистенции и 7.освоени топки, или 39.индекснки поени!

Ивана Кметовска пак даде 29.пени, имаше и 15.скока и 4. асистенции, доволно за индекс-35.

Премногу за надевањата на Струга 2009 дека може да направи нешто освен да биде подобра во една четвртина на ова гостување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *