Одбележувањето на Денот на пожарникарите во ТППЕ Македонска Каменица ќе помине без свечени активности

Македонска Каменица, 20.05.2020 година – Командирот на ТППЕ Македонска Каменица, Малин Трајчевски ги известува граѓаните, институциите и организациите од општина Македонска Каменица дека, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот и почитувањето на донесените мерки денес, 20 Мај – Денот на пожарникарите ќе изостанат предвидените активности за одбележување на празникот. Исто така, годинешново одбележување на Денот на пожарникарите ќе биде без прием на гости во ТППЕ Македонска Каменица.

Воедно, со благодарност за разбирањето кон сите, на сите колеги-пожарникари командирот на ТППЕ-Мак.Каменица, Малин Трајчевски ја искористи приликата да им го честита празникот на колегите пожарникари со надеж за што помал број интервенции во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *