Одбележан Светскиот ден на храната во општина Македонска Каменица

Македонска Каменица, 16.10.2019 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, по повод Светскиот ден на храната организираше настан под мотото #СветБезГлад. Водени од идејата дека „Свет без глад до 2030 година е возможен”, учениците заедно со своите наставници и родители приготвија разновидна храна, давајќи свој придонес преку собраните средства, кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Од 1945 година на 16 октомври секоја година го славиме Светскиот ден на храната. Во општина Македонска Каменица во организација на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, заедно со учениците, нивните наставници, родители и гости, денес го одбележуваме Светскиот ден на храната под мотото „Свет без глад“. Одбележувањето на овој ден, од 1945 година на 16 октомври, во над 150 земји во целиот свет го прави еден од најпознатите денови во календарот на Обединетите нации. Придонесува за фокусирање на потребата од обезбедување здрава и одржлива исхрана физички и ценовно достапна за секого. Ние како Општина секоја година со изборот на различна тема и учество на нашите ученици, допринесуваме да се дојде чекор поблиску до целосно искоренување на гладот во светски рамки до 2030 година, – истакна градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година во светот на 16 октомври, во чест на датумот на основањето на ФАО во 1945 година. Оваа 2019 година на Светскиот ден на храната се одбележува 74-годишнината од основањето на ФАО. Настаните организирани од страна на владите, локалните власти и други партнери во повеќе од 150 земји ширум светот повикуваат на зголемени активности за постигнување свет без глад до 2030 година“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *