Одбележан Денот на пожарникарите во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 20. Мај 2019 година – По повод Денот на пожаниркарите, припадниците на ТППЕ Македонска Каменица во дворот од каменичката детска градинка „Бамби“ изведоа показно-тактичка вежба за интервенирање при извршување на операции во случај на пожар и симулирано извекување на повредени лица при непогоди и несреќи од ваков вид. Акцијата пред вработените во установата и дечињата при „Бамби“ беше изведена со две противпожарни возила, од страна на шест професионални пожарникари, во присуство на екипа за Итна помош од Здравствениот дом во Македонска Каменица и припадници на полицијата.

Командирот на ТППЕ Македонска Каменица Малин Трајчевски даде известување за текот и начинот на реализација на акцијата до градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Снежана Златановска, директорка на ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица. Во својата изјава командирот на единицата Малин Трајчевски им го честиташе празникот на сите пожарникари при ТППЕ Македонска Каменица и државата, упатувајќи поздрав до присутните на настанот и до сите жители на општина Македонска Каменица.

На тактичко-показната вежба беше присутна и градоначалничката на општината, Соња Стаменкова која го искористи своето присуство на сите вработени во ТППЕ – Македонска Каменица да им го честита празникот и да им посака уште многу професионални успеси, пренесувајќи им порака дека Локалната самоуправа и во иднина ќе работи во интерес на сите, за подобрување на капацитетите и условите за работа на единицата.

На настанот, покрај дечињата и вработените во ЈОУДГ „Бамби“, исто така присуствуваа и ја следеа изведбата на вежбата и штитениците и вработените во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.