Огромен успех на Државниот натпревар по Биологија и Природни науки на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“

На 11.Мај 2019 година во Скопје се одржа Државниот натпревар по биологија и природни науки за учениците од основните училишта во Република Северна Македонија. Ања Спасевска ученичка во VII одделение, под менторство на наставникот Љупка Ристовски освои III награда по предметот Биологија. Додека, учениците Лука Стаменковски во VI одделение и Софија Ситновска во V одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, под менторство на наставникот Виолета Накова освоија II награда по предметот Природни науки.

Сите ученици кои патуваа на Државниот натпревар по Биологија и Природни науки се вратија со совоена награда. Честитки до сите нив и до нивните наставници – ментори за постигнатиот успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *