Обезбедени заштитни маски и за жителите од селските средини од општина Македонска Каменица

Македонска Каменица, 24.04.2020 година – Следејќи ги препораките од Владата за задолжително носење заштитни маски за лице со цел заштита од заразата со ковид-19, општина Македонска Каменица денес, започна со делење на маски во селските средини. Маските се обезбедени од општина Македонска Каменица. Дистрибуцијата на заштитни маски од страна на мобилните тимови на Општинскиот Кризен Штаб започна од селата Тодоровци и Луковица ќе продолжи во останатите селски средини во наредните денови.

Инаку, досега општина Македонска Каменица има распределено околу 7000 заштитни маски, а мобилни екипи во неколку наврати дистрибуираа средства за заштита (маски и дезинфициенси) до сите јавни установи во Македонска Каменица.

Донацијата беше распределена до сите институции кои во овој период на вонредна состојба се активни и работат на превенција и заштита на населението од појава на заразата од коронавирусот, како и на фирми, здруженијата на граѓани и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *