Нуркачи го истражуваат мермерното езеро во Прилеп

Македонските нуркачки клубови „Акватек“и „Врело“ го истражија мермерното езеро што се формираше неодамна во Прилеп и набрзо стана хит меѓу граѓаните, кои во последниве неколку денови го посетуваат и се капат во него. 

Според мерењата на нуркачите, станува збор за езеро со максимална длабочина од 15 метри, а температура на водата од 8 до 22 степени целзиусови, пишуваат „Акватек“ на нивната Facebook страница. Како што може да видите на фотографиите, нуркачите под водата открија рипчиња и мермерни блокови прекриени со мов.

„Многубројни се убавините на нашата земја, така и мермерното езеро претставува прекрасна глетка, амбиент и секако подводен свет кој вреди да се види“, пишуваат од Акватек за нуркањето во таканареченото македонско Памуккале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *