Нов четврти пакет помош од Владата: 31 мерка во вредност од 470 милиони евра

Нов четврти пакет помош од Владата: 31 мерка во вредност од 470 милиони евра

31 мерка и вкупно 470 милиони евра за помош на бизнисот и граѓаните за излез од кризата. Владата го презентираше четвртиот пакет мерки, што за прв пат ќе чека зелено светло од Собранието.
Овој пат, финансиската помош ќе се дели скалесто и ќе зависи од тоа колку се намалени приходите на фирмите, како дирекна последица од кризата.
Ќе продолжи субвенционирањето на плата во износ од 14.500 до 21.776 денари по вработен за месеците октомври, ноември и декември. Оваа мерка е наменета за сите фирми, трговци поединци, земјоделци, занаетчии и лица што вршат други услуги.
Ќе се обезбедат 100 милиони евра за поволни кредити, а ќе се продолжи грејс периодот за кредити на фирмите за уште три месеци, како и отплатата на заемите за до крајот на годинава.
За компаниите од најпогодените сектори ќе има и еднократна неповратна помош. Ова се однесува на туристичките агенции, рестораните за свадби и игротеките.
Се зголемува и прагот за оданочување на фирмите на 5 милиони денари на годишно ниво.
Најавено е продолжување на лиценците и одложено плаќање на даноците. Кај занаетчиите ДДВ-то ќе се намали од 18% на 5%, а во угостителството ќе се воведе единствена даночна стапка од 10%.

Платежни картички со вредност од 6.000 денари ќе добијат околу 280.000 граѓани од различни категории.

Од 10-12 октомври ќе трае викендот без ДДВ, мерка со која ќе се поттикне потрошувачката, на купувачите целосно ќе им се врати данокот и истовремено ќе им се помогне на фирмите. Преку апликацијата МојДДВ 100% ќе им се врати данокот на потрошувачите за сите македонски производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари по лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *