Нов сомнителен случај на корона вирус во Македонија

Примен е уште еден пациент на Инфективната клиника кој допатувал од Дубаи пред неколку дена по шестдневен престој таму. Има симптоми слични на грип и во овој момент се прават тестовите и за околу 2-3 часа ќе бидат готови резултатите.

Ова на денешната прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека во текот на денот ќе биде извршена дистрибуција на информативен и заштитен материјал, на сите гранични премини и на аеродромите

-Сакам да информирам и дека има доволна количина на маски, мантили, скафандери. Количини кои ќе се дополнат во наредниот период, нагласи Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *