Нови детали за луксузното возило извлечено од водите на Калиманско Езеро

 

Нови детали за потонатото луксузно возило во водите на Калиманско Езеро, добивме од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, која потврдува дека од вчера специјални тимови со чамци го истражувале теренот, кој бил обезбеден од полициските службеници. Од водите на езерото Калиманско Езеро, денес во 13:00 часот, е извлечено возило AUDI Q7, кое било со швајцарски регистерски таблици.

Во меѓувреме, од МВР ни соопштија дека М.Н. (44) од Виница на 24 април во 13.00 часот во Полициската станица Виница, пријавил дека во периодот од 22 часот на 23 април до 11 часот на 24 април од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Аudi Q7“ со швајцарски регистарски ознаки, кое било паркирано на ул. „Ангел Винички“ во Виница.

Истиот ден, во 18.30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Б.М. (39) од Македонска Каменица пријавил дека во близина на „Рибнички мост“ на место викано „Буришјето“, атар на с.Илиово, Делчевско, на земјениот пат забележал траги од возило кои воделе кон браната „Калиманци“.

– Полициски службеници излегле на лице место при што биле пронајдени две пластики кои припаѓале на патничко возило „Аudi Q7“. На 26.04.2018 година околу 11.00 часот од страна на тим нуркачи од Единицата за специјални задачи било извршено пребарување во браната „Калиманци“ при што на длабочина од 18 метри било пронајдено возилото, кое денеска беше извлечено од браната, појаснуваат од МВР.

Користени се дел информации објавени од МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *