Нова сообраќајка на експресниот пат Кочани – Штип: Виничанка излетала од коловозот со комбе и завршила со телесни повреди

Нова сообраќајка на експресниот пат Штип- Кочани – Виничанка заврши со телесни повреди откако излета со Комбе

Жена од Виница (40) заврши со телесни повреди откако комбе излета синоќа на експресниот пат Штип – Кочани. Нема други повредени, соопштија од СВР Штип.

Во комбето жената била сама. Сообраќајката се случила на 5 километри од клучката кај Три Чешми на патот кон Кочани.

Ова е втора сообраќајка за период од една недела, по трагичната несреќа на 14 февруари, во која загинаа 24-годишна девојка од Скопје 52 – годишен маж од Кочани, а пет лица беа потешко повредени. Двајца беа однесени на лекување на клиниките во Скопје.

Извор на веста: radiokocani.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *