Нова победа на Баскет Кам, Александар Тодоровски брилијантен!

Каменичката гордост, кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ извојува нова првенствена победа во генерацијата М-18. Совладана е екипата на Фени од Кавадарци со резултат 56:65. Повторно брилијантна игра прикажа супер-талентираниот Александар Тодоровски кој постигна 28 поени. Кире Блажевски постигна 17, а Никола Орлов 10 поени со што придонесоа за денешната победа.

Баскет Кам сезонава има четири победи во четири одиграни натпревари и ја потврдува најавата за освојување на еден од медалите.

rudnik_sasa_dooel

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *