Нова интервенција на пожарникарите од Македонска Каменица. Овој пат гаснеа пожар во Витовци, село Саса

Македонска Каменица 04.03.2019 година – Откако пред неколку дена се запали стрниште во месноста Каменарски рид, денес Територијалната против пожарна единица од Македонска Каменица спречи нов пожар предизвикан од палење стрниште во маало Витовци, село Саса. Во денешната акција за гаснење на пожарот како што информираше командирот на ТППЕ Македонска Каменица, Малин Трајчевски учествувале двајца пожарникари со едно теренско возило.

-Денес наша екипа учествуваше во гаснење на пожар на местото викано ,,Витовци” во атарот на село Саса. Со пожарот беше зафатена површина од два хектари како и мал дел од дворната ограда на сопственикот на поседот кој активно учествуваше во гаснењето на оганот заедно со двајца вработени од нашата единица. Пожарот е локализиран со минимална материјална штета, информира Трајчевски.

Тој апелираше да не се палат стрништа, бидејки во спротивно засилени со појавата на ветер може да настане поголемо опожарување на околината.

Во претходниот пожар кај месноста Каменарски рид изгореа осум хектари сува трева, трње, папрат и мал дел букова шума.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *