Несторовски: Тажно е кога играш дома, а публиката навива за гостите

Илија Несторовски, еден од најдобрите фудбалери во македонската фудбалска репрезентација е задоволен од резултатот против Турција (0-0), но истовремено кај него владее незадовлство затоа што фудбалерите не добиле поддршка од трибините.

„Телеком арената“ во Скопје беше полуполна, а речиси сите навивачи беа – за гостите! Токму поради тоа популарниот „Несто-гол“ жали и испрати прашање до публиката – Зошто не ја бодрите репрезентацијата на мечеви поразлични од Шпанија, Италија…?

„Игравме против една квалитетна репрезентација како Турција, во ТОП-30 репрезентации во Европа. Покажавме и докажавме дека во последните мечеви играме одлично и делуваме како репрезентација, но најголема жалост ми беше кога излегов пред почетокот на натпреварот. Играме дома, а се чувствуваме како во гости. Навистина е жалосно кога ова се случува за нас. Знаеме дека против Шпанија ќе биде полн стадионот, но зошто не ја добиеме поддршката и на „помалите“ мечеви? Навистина не ми е јасно, но тоа е. Сега следи меч со Шпанија, моќна репрезентација, но не се плашиме. Нашата самодоверба е на високо ниво“, изјави Несторовски.

Македонија имаше прекрасни шанси да ја победи Турција, но сепак, не успеа во намерата. Дополнително, беа поништени и два гола за нашиот национален тим. Наредниот предизвик е Шпанија, на 11 јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *