Нестабилното време ќе потрае до крајот на неделата

Циклонската активност која што вчера ја зафати Македонија се очекува да трае до крајот на неделата, Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира невреме со пороен дожд, грмежи, и ветер на целата територија на државата.

Од понеделик се очекува стабилизација.

Според денешните хидролошки мерења, Богомила е 14 пати над просечната вредност, а Вардар е за три пати зголемен кај Јегуновце и двојно кај Скопје, Велес и Демир Капија. Без поголеми промени е и состојбата на езерата. Дојранското има мало покачување на нивото, Преспанското пак е намалено,а Охридското е во рамки на августовскиот просек.

И покрај поројните врнежи, опасност од излевање на поголемите реки во земјата, нема смируваат од УХМР, но можно е слевање вода во градските урбани средини. Од секторот за природни непогоди при ДЗС велат дека поради најавените врнежи можно е излевање во населените подрачја, за што превентивно ги известиле и општините да ги исчистат на шахтите.

Дел од локалните медиуми објавија дека во Охрид има поплавени улици, а во Неготино освен поплавени улици имало и прекини во електро мрежата.

Во невремето кое вчера го зафати регионот наврнале над 30 литри на метар квадратен.

– Алармот за силни дождови останува на сила иако од понеделник не очекуваат денови со стабилно време, деновите што следат – тропските температури најверојатно ќе бидат на пауза.

Нестабилното време во регионот донесе поплави и во Хрватска и Црна Гора.

Невремето рушело покриви и дрвја. Нема повредени и настрадани граѓани но предизвикана е голема материјална штета.

Најпогоден е Славонски Брод и околината, според хрватските медиуми оштетена била и Железничката станица. Од невремето биле откорнати и кабли, па бил опожарен и покрив од куќа, а бил регистриран ветер од 49 километри на час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: