Нема упис во прво одделение без примена вакцина

Државата е категорична. Ниту едно дете нема да се запише во прво одделение, ако родителите при упис не приложат и доказ за примени вакцини, особено за  МРП вакцина.

„Вакцинацијата е задолжителна. Во прво одделение нема да можат да се запишат деца кои не се вакцинирани. Законот за основно образование член 46, став 2 е јасен. Мора да го подигнеме степенот на имунизација на сите граѓани во Република Северна Македонија со цел да ја спречиме епидемијата на морбили. Ова се мерки коишто се спроведуваат и нема отстапување од нив“, кажа  Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

Изјавата на владиниот портпарол доаѓа на првиот ден од почетокот на уписите во прво одделение кои ќе траат до крајот на овој месец:

„Оваа година, според бројот на родени деца  во 2013/’14 година очекуваме во прво одделение да се запишат  583 дечиња. При уписот ќе бидат почитувани сите одредби поврзани со реонизацијата на училиштата и законските прописи з аупис на деца во прво одделение“, истакна  Билјана Казанџиска, рак. на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР во о. Штип.

Инаку, во моментов, на целата територија на државата е прогласена епидемија на морбили и на сила се посебни мерки за заштита.

Бројот на заболени достигна нас 1.000 лица во повеќе од 20 градови во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.