Неколку мудрости од големиот Бранислав Нушиќ

 

–    Правдата на луѓето често им е потешка од неправдата.

–    Првиот бакнеж е како мала матура, а потоа се преминува во повисоките паралелки каде што се учи виша математика на љубовта со сите познати и непознати количини.

–    Бракот е договор според кој човекот еднаш во животот ќе каже „ДА“ и ќе ја преземе обврската тоа да го повторува целиот живот.

–    Знаењето има граници, а незнаењето нема.

–    Бракот е писмо кое е интересно само додека е затворено.

–    Вистината честопати е помалку постојана од заблудата.

–    Кога имаш срце, не можеш да имаш гаќи.

–    Љубовта е еден вид на пијанство. Кога човекот ќе испие прва и втора чаша, добива апетит и чувствува жед, а потоа пие чаша за чаша.

–    Мудроста често е збир на човечки лудости.

–    На сцената прво се крева завесата а потоа се одигрува драмата. Во животот тоа се одвива поинаку : најпрво се игра драмата, а потоа се крева завесата.

–    Првата љубов е опасна само кога е и последна.

–    Слободата често е фраза, а тиранијата е секогаш вистина.

–    Среќата речиси секогаш е погрешна, а неволјата не.

–    Секоја жена е актерка : што помалку се забележува, толку е поголема актерка.

–    Во втората љубов човек се чувствува како да повторува на училиште. Ги познава сите предмети, а сепак не е уверен како ќе пројде испитот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *