На празникот Св.”Атанасиј”, Атанаско од Пехчево стана милионер! Добитник е на “Џек – Пот” награда од 1,7 милион денари

Среќата удри и во Пехчево. 500 денари влог му донесоа 1,7 милиони добивка на 21-годишниот Атанаско Стефановски, најновиот милионер џек пот:

  • Јас 500 денари ставив, а добив 1.759.000. Не очекував, бев многу среќен, изјави Атанаско Стефановски, добитник на премија од милион ден.

Стефановски е повремен и ситен играч, во обложувалниците и местата каде се одржувата игри на среќа, не е постојан гост, па затоа премијата не ја ни очекувал:

  • Порано играв ама не бев некој редовен играч, уплаќав ситни пари некои, ама ова сега беше голема среќа, изјави Атанаско Стефановски, добитник на премија од милион денари.

Сега Атанаско има убава обврска  пред себе.  Треба да направи план каде ќе ги троши парите:

  • Можеби ќе ги вложам, ќе видиме понатаму, изјави Атанаско Стефановски, добитник на премија од милион денари.

Годинава, на Атанаско му почна многу добро. Од неодамна тој е вработен во професионалниот состав на АРМ, а сега е добитник и на 1.700.0000 денари.

Годинава, ова е втора милионска добивка во регионот. Првата, беше веднаш после Божик во Виница.  Тогаш, исто така, 21-годишниот Лазе Димитровски , кој доби 1,4 милиони денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *