На граничниот премин Делчево колона возила за влез во Бугарија

Се повторува сликата од пред два дена на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Поради т.н. паѓање на системот на бугарскиот премин, колона возила долга 100 метри и денеска чека влез за Бугарија.

-За влез од Бугарија кон земјава задржувањето е пократко, но веќе е забележлива колона за излез од државата кон Бугарија која е долга стотина и повеќе метри, информираат возачи и додаваат дека за излез од земјава се чека повеќе од еден час.

Во колоната најмногу има патнички автомобили, а чекаат и туристички автобуси, камиони и комбиња со македонски, но и со бугарски регистерски таблички.

 

Од надлежните нема информација колку би траел застојот, дополнуваат возачите.

 

Иако во последните неколку дена ваквата слика е честа на овој граничен премин, тоа не ги поколеба граѓаните од поблиското опкружување, празничниот период да го искористат за посета на некои од познатите туристички места во Бугарија, како Банско и Боровец. Единствента рута до таму е токму преку Делчево што е една од причините за зголемена фреквентност.

МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *