Колку всушност имаме претстава за опсегот на температурите во нашиот универзум? Веројатно не многу. Ние како суштества кои живеат на Земјата ги перципираме сите температури споредувајќи ги со нашите „земни“ сетила: мислиме дека е премногу ладно кога температурата ќе се спушти до -20 °C а штом се искачи над 35 °C тогаш веќе прогласуваме вистински пекол.
Сепак ако овие температури ги разгледаме во рамките на целиот универзум ќе се изненадиме колку е мал опсегот кој ние како живи суштества можеме да го толерираме.