Најголемите тактички тајни на легендарниот снајперист Василиј Зајцев

Откриени најголемите тактички тајни, како легендарниот снајперист убил 242 нацистички војници?

Во октомври 1942 година, тој ликвидирал три непријателски војници на оддалеченост од 800 метри.

Легендарниот советски снајперист Василиј Зајцев, кој во само неколку месеци од битката за Сталинград испратил цел батаљон нацистички војници на другиот свет. Тој и ден денес е училишен пример за идеален начин на борба против непријателската жива сила во борбите за разурнатиот град.

Зајцев уште како дете научил прецизно да пука. Неговиот дедо често го водел во лов во уралската тајга. Идниот снајперист од мали нозе ги усвојувал вештините за следење на крупен дивеч, маскирање и бесшумно движење по шума. Момчето напредувало, а неговиот дедо за десетиот роденден му поклонил лак, кој лично го направил за внукот. Две години подоцна, свечено му ја поклонил на Василиј, пушката Бердан со калибар од 20 милиметри.

Неговиот татко, кој служел во Осмата гардиска царска армија под команда на генералот Брусилов, му рекол на својот син: “Штеди муниција, научи да пукаш без промашување”.

Зајцев го запомнил советот на неговиот татко за цел живот, и често се присетувал на него во војната.

Со почетокот на Втората светска војна зајцев се затекнал во Тихоокеанската флота, каде што служел како писар во артилериското одделение. До летото 1942 година, поднел пет барања со молба да го испратат на фронтот. На крај го сместиле во 284тата пешадиска дивизија. После тоа заедно со своите соборци го испратиле преку Волга во Сталинград.

 

Уште во првите денови од битката, Зајцев се истакнал со своите вештини. Во октомври ликвидирал три непријателски војници на далечина од 800 метри, користејќи обична пушка рапетирка. До тогаш тој ликвидирал 32 германски војници. Василиј бил награден со орден за храброст, а му била доделена и снајперска пушка со оптички нишан.

Снајперистите биле неопходни во услови на градска битка, каде што секоја рушевина и зграда се претворале во положби и засолништа. Снајперистите пред се ги гаѓале офицерите, се со цел да ги збунат непријателските војници. Командантот на фронтот во Сталинград, Андреј Јерменко издал наредба на 29ти октомври 1942 година, да секој вод мора да има по двајца или тројца снајперисти.

Зајцев станал најистакнат снајперист во Сталинград. Сметал дека најважно е способноста за необично размислување. Основата на неговите тактики била постојана импровизација. Зајцев вовел правила кои и денес се сметаат за аксиома на секој снајперист.

Менување на позиција после секои две или три пукања, детално маскирање, користење трикови и слично, биле само некои од методите кои Зајцев ги користел за да ги збуни непријателите.

На пример, следејќи ги германските снајперисти, Зајцев често користел кукла облечена во советска униформа. Противникот би помислил дека е вистински војник, би пукал на него и така би ја открил својата позиција. Уралскиот ас вовел во војната тактика наречена групен лов, кога три снајперски парови покривале одредена територија од три страни. Парот бил создаден од снајперист и надгледувач. Таквите групи биле многу ефикасни.

-Земав шест свој ученици, кои ги испратив да го дочекаат пополнувањето на противничките трупи. Се распоредивме и дечкавме. Видови, иде германска чета. Започнавме да пукаме. Убив 11 германци, а заедно ликвидиравме повеќе од 40 – напишал Зајцев во статијата “Секој куршум во германецот” во 1943 година.

За да ја зголеми ефикасноста, Зајцев ги поттикнувал учениците да водат специјални белешки, се со цел да можат во ретките моменти на затишје да ги забележат ориентите, оддалеченоста од местата, локациите на противникот, погодните положби за гаѓање и слично.

Снајперистите разменувале белешки, и на крајот учениците на Зајцев биле подготвени да делуваат на било кое место во градот за да ги уништат непријателските војници, без губење време и чекање.

Зајцев се трудел да го погоди непријателскиот војник во лицето, а не во грбот, за неговото оружје да остане видливи, за друг германеци ли романец кој би посегнал за него, да стане втората жртва. Василиј исто така избегнувал да пука во време кога заоѓа сонцето, бидејќи светлината можела да се одрази на оптичкиот нишан и да ја издаде позицијата на стрелецот. Затоа, утринското сонце ги осветлувало двогледите на германските заповедници и нишаните на снајперистите, кои советските стрелци ги погодувале без промашување.

Од 242 непријателски војници кои Зајцев ги ликвидирал, 11 биле снајперисти. Зајцев посебно се прославил во двобој со германски снајперист, мајорот Кониг, кој го испратиле во Сталинград токму да се бори против советските стрелци. Првата мета му била токму Зајцев. Бидејќи на еден советски снајперист куршумот му го пробил оптичкиот нишан, а друг бил ранет, Зајцев успеал да ја открие положбата на противникот.

-Беше јасно дека имаме работа со искусен снајперист, па одлучивме да го заинтригираме. Првиот ден од денов мораше да чекаме за да не не открие одсјајот од оптичкиот нишан. После ручек, нашите пушки беа во сенка, а на положбата на нацистите директно паѓаа сончевите зраци. Под лимот нешто засветка, тоа беше снајперскиот нишан.

Прецизна стрелба – снајперистот паѓа. Во екот на битката го извлековме мртвиот нацистички мајор од под лимот. Ги зедовме неговиот документи и ги предадовме на командантот на нашата дивизија – се присетил Зајцев.

Во градските борби во составот на единиците 62 и 64 од советската армија имало 985 снајперисти. Тие ликвидирале околу 30.000 војници и офицери припадници на Нацистичката армија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.