НАЈАВА ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ЗА ВИКЕНДОТ И ВО ПОНЕДЕЛНИК – ПОЈАВА НА ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури кој понекаде ќе се спуштат дури и под 5 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се спуштат до околу 15 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Денес ќе дува умерен, Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Веќе во сабота попладне и навечер облачноста од запад ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во недела и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и локална појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог и тоа особено во јужната половина од државава, а не се исклучува можноста на некои места процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Температурите во недела и во понеделник ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

И во Скопскиот регион до сабота ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во недела и во понеделник ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 27 степени, додека наутро истите ќе се спуштат до околу 10 до 12 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *