Нашиот Влатко Стојановски го одигра првиот натпревар за Ним

 

 

Македонскиот фудбалер Влатко Стојановски ги надмина проблемите со работната дозвола и го имаше својот прв натпревар во најквалитетната француска фудбалска лига, Лига 1.

Стојановски направи трансфер од Ренова во Ним, како најдобар стрелец во ПМФЛ. Првиот натпревар го имаше во рамки на второто коло, против Ница на домашен терен, во кој неговиот тим загуби со 1-2 (1-2).

Напаѓачот стартуваше на клупата, а во игра влезе во 68. минута од натпреварот. Трите гола паднаа во првото полувреме, а Стојановски не успеа да се запише во листата на стрелците. Во 95. минута Ним имаше прекрасна прилика да изедначи, но голманот на Ница не дозволи такво нешто.

За Ним ова беше втор пораз во вториот меч оваа сезона во Лига 1. Тимот на Стојановски во наредното коло се среќава со фаворитот Монако.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *