Научно докажано: Темното чоколадо го намалува ризикот од депресија

Умереното консумирање темно чоколадо значително го намалува ризикот од депресија, покажува ново британско истражување.

Експерти од Универзитетот во Лондон спроведоа анкета во која учествуваа повеќе од 13.000 луѓе. Нивниот фокус беше поставен на утврдување на односот меѓу консумацијата на чоколадо и појавата на депресија. На анкетираните им биле поставени прашања за количината и видовите слатки десерти кои ги јадат и нивната емоционална состојба. Научниците во обѕир имале и други фактори како нивото на физичка активност и присутноста на лоши навики, особено пушењето.

Резултатите покажале дека љубителите на темно чоколадо се значително помалку склони на депресија од оние кои воопшто не консумираат. Испитаниците кои два дена консумирале темна чоколада имале 70 проценти помалку знаци од таа состојба. Кај четвртина од анкетираните кои редовно јаделе 104 до 454 грама темно чоколадо веројатноста за развој на депресија се намалила за 58 проценти во споредба со оние кои не вклучиле чоколадо во исхраната. Научниците акцентираат дека таков ефект има само чоколадото со висок процент на какао.

Научниците сметаат дека постојат низа механизми со кои чоколадото може да спречи појава на депресија или да ги намали симптомите. Велат дека тајната е во тоа што темната чоколада содржи состојки кои имаат одредено влијание на човечката психа.

„Чоколадото содржи бројни психоактивни супстанции вклучувајќи ги и оние слични на анандамид, невротрансмитер кој го блокира чувството на болка, како и на неколку ендогени биогени амини, кои вклучуваат фенилетиламин, кој има важна улога во регулацијата на расположението“, стои во заклучокот на научниците.

Темната чоколада е богата со антиоксиданси кои ги намалуваат воспаленијата во телото, а чија присутност е исто така поврзана со појавата на стрес и чувство на вознемиреност. Претходно, полски научници открија дека темната чоколада е богат извор на магнезиум, цинк и други важни елементи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *