Научниците открија мултидимензионален универзум во нашиот мозок!

Постојат работи во светот, за кои сме сигурни дека се случуваат, на пример, сонцето секогаш изгрева од исток, водата врие на 100 Целзиусови степени и не е важно колку ќе не сакаме, понеделник секогаш доаѓа по недела. Но, некои други работи не се сметаат за сигурни. Овие нешта вклучуваат вонземјани, духови, змејови и алтернативни универзуми.

Зборувајќи за последното, за мултидимензионалните универзуми, постои ново откритие.

Имено, научниците веруваат дека всушност постојат 11 од нив и сите се наредени во нашиот мозок во мултидимензионална Рубикова коцка.

Како научниците стигнаа до ова откритие?

Тие користеле математички методи на алгебарската топологија, со кои можеле да ги “мапираат” структурите и просторот во мрежите во човечкиот мозок.
Овие мрежи се неопходни за невроните да пренесуваат информации.

Дали знаевте дека во човечкиот мозок има 86 билиони неврони?

Сите тие ги пренесуваат информациите од ќелија до ќелија. Без овие информации, ние не би можеле да размислуваме, да зборуваме или да извршиме било каква активност.
Прилично е тешко да се сфати дека во нашата глава постојат 83 милијарди неврони кои постојано разменуваат информации, но пробајте да ги замислите како бесконечни гранки на дрво. Ова дрво ги создава мултидимензионалните универзуми кои неодамна беа откриени.

Истражувањето беше дел од проектот Blue Brain, во кој беа вклучени голем број меѓународни научници. За прв пат во историјата беа презентирани структурите и просторот на мрежните поврзувања на невроните во мозокот, со користење на алгебарскиот тополошки метод.

Истражувањето беше објавено во Journal Frontiers за компјутерската невронаука, каде што научниците детално објасниле како ги следеле движењата на информациите низ нервните клетки и како ги направиле моделите за пресметка на комплицираните компјутерски системи.

Додека научниците го следеле движењето на невроните, откриле дека се создаваат структури кога информациите се разменувале помеѓу нервните клетки. Овие структури биле создадени со вкрстување на геометриски форми.

Директорот на проектот Blue Brain, Хенри Маркрам, е особено среќен за овие наоди. Тој вели дека откриле еден нов свет, за кој порано никој не знаел дека постои. Тие откриле 7-11 индивидуални димензии во мрежите на еден човечки мозок.

За да биде полесно разбирливо, секој неврон може да им даде информации на невроните до него. Кога ќе ја пренесе информацијата, тој формира објект кој може да се следи преку компјутерски модели и математика. Колку повеќе неврони пренесуваат информации што минуваат од една до друга ќелија, толку повеќе димензии се појавуваат.

Но, истражувањето не завршило таму. По користењето на компјутерските модели, научниците ги анализирале вистинските човечки мозочни ткива за да ги потврдат нивните наоди. Тие исто така откриле дека со разни стимули може да се направат овие размени на информации помеѓу невроните и да создадат уште повеќе димензии, во зависност од стимулот.

Што е најинтересно во врска со ова откритие?

Вашиот мозок диктира какви димензии и форми ќе се појават во вашиот мозок и тоа е различно и индивидуално за секое човечко суштество.

Науката е навистина извонредна работа, бидејќи тоа е тековен процес на учење и откривање на нови работи во врска со светот кои претходно не ни биле познати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *