Народниот театар Штип со “Амбасадор” доаѓа во Домот на култура во Македонска Каменица

Народниот театар Штип со театарската претстава „Амбасадор“ на 19.05.2022 година, ќе гостува во Дом на култура во Македонска Каменица.

Почеток на претставата, 20:00 часот. Влезници по 100 денари, можат да се купат во просториите на Домот на култура.

Амбасадор е работена по текст на Славомир Мрожек, режирана од Андреј Цветановски и водена од пет лика со голема техничка екипа.

Режисерот Цветановски вели дека „Амбасадор“ зборува за дипломатски конфликт помеѓу две неименувани земји, конфликт помеѓу амбасадорот и претставник на Владата. Текстот пишуван за Студената војна, но со можност да се приспособи на кој било конфликт меѓу две земји, е само едно од уникатните парчиња на авторот Мрожек.

Дипломатски конфликт, од комедија во драма и трагедија, автентично за Мрожек, процес на кој се работело нешто повеќе од 40 дена. Како што потенцира актерот Милорад Ангелов, ова е приказна која секако пренесува порака. Според актерот Пеце Ристевски, пак, кој го игра ликот на амбасадорот, станува збор за приказна на верата.

Истиот ден со почеток од 12 часот во просториите на Домот на Културата, еден од најпознатите поети Трајче Кацаров ке изврши промоција на книгата “Мечето Мери Ум“ , приказна за најмладите со еколошка порака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *