Над 400 пензионери имаа средба и целодневна дружба во Виница

Над 400 пензионери од десетина Здруженија од државата се дружеа во Виница. Организатор на средбата е виничкото Здружение, кое 17-та година по ред организира дружба по повод празникот Томина Недела :

  • Имаме гости од Делчево, Берово, Пехчево, Кочани и други градови од државата. Како и секоја година и оваа ќе избереме три најубаво украсени јајца, кажа Васка Андонова, Здруж. на пензионери – Виница.

Поддршка на ваквиот вид манифестации дава и општина Виница, која со Здружението на пензионери има воспоставено добра соработка :

  • Секојдневно се дружиме со нашите пензионери и имаме соработка со нив и им помагаме за најразлични активности кои тие ги организираат, изјави Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Инаку, празникот Томина Недела се празнува првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *