М-12: Баскет Кам обезбеди шанса за полуфинале со победата над МЗТ во Скопје

М-12: Баскет Кам обезбеди шанса за полуфинале со победата над МЗТ во Скопје

 

Со победата во последното коло од М-12 кошаркарската лига на Македонија, против КК МЗТ во Скопје, екипата на Баскет Кам обезбеди шанси за влез во полуфинале. Четвртфиналниот натпревар го играат денес во Скопје против екипата на Водњански Лисици.
Со 46:58 на натпреварот одигран во скопски Аеродром, екипата на Баскет Кам со тимска и дисциплинирана игра оствари рутинирана победа против фаворизираниот МЗТ. Сите поединци го дадоа својот максимум во играта. Резултатската позитива во текот на целиот натпревар беша на страна на каменичани, кои успеаа уште во текот на првата четвртина да наметнат свое темпо на игра.

Пласманот во четирите најсилни екипи во Македонија на Баскет Кам М-12 претставува огромен успех за каменичката кошарка и Македонска Каменица. За тоа говори и денешниот натпревар во М-13 категорија против скопски Вардар, натпревар со кој Баскет Кам обезбедува шанси за уште еден медал во Ф4 натпреварувањата од успешната 2018/19 година за нив.
Ова ќе биде само уште една потврда дека Баскет Кам од Македонска Каменица е екипа во која младите таленти успеваат да обезбедуваат свое место и име во кошаркарскиот свет. Се надеваме на нивна победа во денешниот натпревар против „Водњански“ и понатамошен успех во борбата за уште еден медал во оваа детска категорија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *