Мотор што троши само 1 литар вода на 500 километри

Рикардо Азеведо од Сао Паоло, Бразил, наводно направил чудесен мотор кој може да помине 500 километри со само 1 литар вода

Повеќе интернет портали ја пренесоа чудесната информација и го прикажаа видеото од Рикардо како прво пие од водата за да докаже дека не е бензин а потоа се вози со моторот кој електричната енергија од акумулаторот ја користи за електролиза на водата при што се добива водород и кислород кој представува гориво за моторот.

Ова ќе беше многу убава вест ако тука имаше и нешто што се вика „ладна фузија“ или пак да беше во моторот вграден регенеративен електричен систем за кочење кој ќе ја претвори енергијата при кочење во електрична енергија која може да се искористи за електролизата па на тој начин би се добило некое мало зголемување на километражата на возилото.

Не сум против вести од науката и технологијата што можат да го натераат читателот да се замисли „ Еј кога му успеало на овој човек можеме и ние “ меѓутоа ваков тип на информации само можат да наведат неколку аматери да се кренат во воздух со водородот, ова го велам поради фактот дека со оваа работа можат да експериментираат само луѓе што не ја разбираат физиката, хемијата и т.н. и се доволно неинформирани да поверуваат во приказната ( па нели има видео? – да има на крај на текстот )

На кратко како работи овој мотор :

Електричната енергија од акумулаторот ја користи за електролиза на водата при што се добива водород и кислород кој представува гориво за моторот.

И што кога ќе се потроши акумулаторот ?

Да, тој треба да се наполни, е сега финтата е што обичните акумулатори трошат 2 пати повеќе енергија одколку што можат да складираат , некој ќе рече струјата е евтина па нека трошат и двапати повеќе.

Добро ќе го полните на ефтина струја меѓутоа после 500-600 полнења ќе треба да купите нов акумулатор. ( Стотче )

Ај и овде да најдете математика, зарем не е поефикасно акумулаторот да придвижува директно елекромотор ( 95% ефикасност ) наместо да прави електролиза ( 30-50% ефикасност во конверзија во најдобар случај ) и потоа тоа да се согорува во мотор со внатрешно согорување кој исто има коефициент на ефикасност од 25-30% .

Значи со едно полнење на акумулаторот електричен моторцикл ќе помине скоро 10 пати повеќе него со оваа луда и опасна машина.

И за крај да можеби моторот троши 1 литар вода за да помине 500 км но треба да го прашаме колку акумулатори троши.

Обичен акумулатор за вашите возила ( 12V/65Ah ) можe да акумулира максимум 0.8 KW/h а ако 1 литар бензин има 10 KW/h енергија што мислите колку ќе помине типот со едно полнење

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *